Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои психолози вработени во Министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства за полесно надминување на справувањето со состојбата со коронавирусот.

Телефонските броеви на кои можат да се јавуваат полициските службеници се 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и тие ќе бидат отворени од 09 до 21 часот, а по потреба и по завршување на овие часови.

Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во Министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.