Пет лица се потешко или полесно повредени во три одделни сообраќајќи викендов. Во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „виктори џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Во 14.40 часот на крстосницата од улиците „Новачки пат“ и „Шералти“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(31) од Битола и мопед „јујинг-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(49) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Во 17.20 часот на улица „Костурска“ во Велес, Љ.Н.(36) од Велес управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката М.Р.(22) од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.