Во Црна Гора во моментов 184 лица се под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус, изјави денеска епидемиологот Божидарка Ракочевиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје.

Таа истакна дека Црна Гора располага со тестови за лабораториска дијагностика на Ковид-19.

Системот се покажа чувствителен, па во еден месец имавме неколку сомнителни случаи на коронавирус во Црна Гора, и континуирано се трудиме системот да го унапредиме, истакна Ракочевиќ.

Таа истакна дека за случај на масовно доаѓање на луѓе со симптоми на вирусот, се разгледува можноста за сместување во карантински објекти. Надзор се врши од самиот влез во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.