Во село Чегране гостиварско е уапсен дилер  осуден на затворска казна.

Полициски службеници денеска околу 11.45 часот во гостиварско Чегране го лишиле од слобода Ф.А.(19) од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ – информираат од МВР.

Како што додаваат од МВР, по приведувањето, реализирано со судска наредба, Ф.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.