Сообраќајната полиција при вчерашната засилена акциска контрола во скопската општина Центар, изрекла вкупно 136 казни. Меѓу нив се и 20 казни за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 за некористење сигурносен појас и седум за користење мобилен телефон додека се вози.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.