Единицата за интервентна полиција при МВР денеска во село Арачиново го уапсила С.С.(44) кој се барал со потерница од КПУ Идризово.

Од МВР соопштија дека лицето се бара за издржување затворска казна од пет години и еден месец. С.С. е спроведен во КПУ Идризово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.