Дваесетина минути пред полноќ во Арачиново се расчистувале сметки со пукање по кое за среќа нема настрадани. Полициските службеници го расчистуваат случајот.

На 06.11.2020 околу 23.40 часот, А.Х.(43) од с.Арачиново пријавил дека во с.Арачиново, додека бил со С.Х., биле пресретнати од Ш.М. и Ф.М., со кои претходно имале вербална расправија, по што Ф.М. физички го нападнал С.Х., а заедно со Ш.М. испукале неколку проектили кон А.Х. и С.Х. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот, каде пронашле чаури кои биле подигнати за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.