Грозоморно убиство денеска околу 17 часот се случило во Драчево. Внук ја заклал својата баба. Засега мотивите за убиството не се познати, но од полицијата за „Република“ го потврдија случајот.

Денеска од слобода е лишен А.Р. (20) поради сомнение за сторено кривично дело убиство, на својата баба Г.Н. (66), извршено во неговиот дом на улицата „Антон Димитров“ – изјави за „Република“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Повеќе детали се очекува да бидат познати по завршување на увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.