Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 241 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 33 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за управување под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се и 11 мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за нерегистрирани возила, десет мерки за возач почетник…

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.