Денеска полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто оризари.

Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети. При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.