Внатрешната контрола при МВР го истражува случајот за транспорт на кокаин со возило на инспектор на СВР Тетово, потврдуваат оттаму. Вчера, според информации на „Алфа“, внатрешната контрола влегла во канцеларијата на нотар, оти, инспекторот, направил купопродажен договор со дата 12.08.2019 година, ден пред во истото да биде пронајдена дрога. Ама иако ваквиот договор се склучува лично, извори на „Алфа“ велат оти, според снимките, инспекторот не бил во канцеларијата.

„Алфа“ ексклузивно го објавува документот за купопродажба на автомобилот. (Видео тука)

Во возило „фолцваген пасат“ со тетовски регистарски таблици, сопственост на инспектор на МВР, пред една недела, полицијата пронашла кокаин. На 13.08.2019 година околу два часот по полноќ две момчиња што биле во возилото, според полицискиот билтен веднаш биле лишени од слобода. Но, неофицијално, возилото не завршило во полициска станица, туку кај инспекторот дома.

За прикривање, односно обид за молк од страна на одговорните институции во врска со апсењето на две момчиња од страна на полицијата, кои што вршеле транспорт и продажба на наркотични средства, користејќи го возилото на полициски инспектор од секторот на внатрешни работи во Тетово, обвинија и од партијата Алијанса на Албанците. Оттаму посочија оти станува збор за брат на висок функционер на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.