Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали во акцијата што вчера се спроведе од страна на Министерството за внатрешни работи и американската ДЕА е уапсен и роднина на премиерот Зоран Заев.

Во акцијата беше запленета дрога во вредност од 800 илјади денари, а беше приведен и висок полициски службеник од Прилеп.

Заев да одговори дали е точно дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800 илјади во бело комбе со грчки таблици, е во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420“.

 

Пратечки возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и Кире „Чипсио“ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на полициска станица Прилеп. Дали е уапсен шоферот на Трајче Заев токму во оваа акција?. 

 

Дали во фирмата „Медикал 420“ со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев?

 

Фирма со име „Медикал 420БГ лтд“ од овие двајца беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич.

 

Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.