Филмско апсење на политички неистомисленици се случи во Куманово, откако среде бел ден на улица неколку полицајци уапсиле лице без никаква причина, објави „Вечер.мк“.

Според информациите до кои дојде „Вечер“ лицето е приведено под сомнение за дрога, но кај него не било пронајдено ништо сомнително, а особено не дрога.

Вечер дознава дека единствената причина поради која се случува ваквото спектакуларно апсење среде Куманово е поради тоа што лицето не е член или активист на власта.

Сепак и покрај тоа што кај него не било пронајдено ништо, со повеќе од 5 полицајци лицето е уапсено како најголем криминалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.