Во текот викендов превземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возачи управувалe возило со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.