Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев не се појави на денешното рочиште со Александар Николоски, кој го тужи за клевета и бара надомест од 30.000 денари.

Вице го тужи Николоски затоа што на прес конференцијата по исклучувањето на Мијалков од партијата, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја обзнанува “криминалната коалиција Зоран Заев – Вице Заев – Сашо Мијалков”.

Николоски на судењето дојде сам, без адвокат и ќе се застапува самиот во случајот.

Од друга страна, Вице Заев не се појави на рочиштето.

Вице Заев е застапуван од неговиот братучед, адвокатот Горан Заев. Ново рочиште за овој случај е закажан за 26.02.2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.