Пожарот во пробиштипскиот регион почнува да се локализира, остануваат уште три помали жаришта, информира за МИА градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Атанстасов.

Пожарникарите и резервниот состав, вработени во Комуналното претпријатие во Пробиштип, како и пожарникари од Свети Николе се уште се на терен, а гореше сува трева и нискостеблеста шума кај селата Зарапинци, Пуздерци, Дренек, Стрисовци.

Зафатена е сува трева и мал дел на дабова шума. Засега не може точно да се утврди колкава е површината што е зафатена бидејќи станува за голем простор. Досега пожарот ќе беше изгаснат, но ветерот на пожарникарите и на сите кои се вклучени во неговото гаснење им прави проблеми, вели Анастасов.

Пожарот се шири кон селата Петришино и Долни Стубол. Според првичните информации пожарот е намерно предизвикан од несовесен граѓанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.