Судот му дозволи на Вештакот Слободан Јовичиќ да сведочи во случајот „Насилство во општина Центар“. Тој истакна дека како предмет за вештачење добил две цедиња на кои имало разговори на лицата Никола Груевски, Миле Јанакиески и Орце Камчев.

На прашање на адвокатот Дангов дали може да утврди дали снимките кои ги преслушувал се креирани тој рече дека тоа не може да го направи.

Но затоа потврди дека денеска постојат софтвери и хардвери кои може да ги модифицираат гласовите.

Од мене не беше побарано да утврдам дали разговорите се креирани но да постојат алатки со кои тоа може да се направи-рече Јовичиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.