Инспекторите вчера имале полни раце работа. Забави без маски и дистанца и непочитување на Ковид протоколите и работното време. Поради непочитување на протоколите за работа, два локали во Тетово ќе останат под клуч од 10 до 30 дена.

Во едниот локал имало судир со гостин кој се претставил како советник на премиерот Заев, вербално ги нападнал пазарните инспектори и завршил во полициска станица.

Бурна ноќ имало и во два локали во Струга. Забави со над 300 гости. Паднала и кривична пријава.

Најавите пак за масовни журки викендов во струмичкото кафуле Аватар, поминале без проблеми. Инспекторите вчера утврдиле дека сега локалот ги почитувал и протоколите за Ковид 19 и работното време. По објавените видеа на социјалните мрежи од забавите со стотици гости, без маска и дистанца, клубот Аватар во јули беше затворен од пазарните инспектори. Но журките и видеата од нив продолжија и по отворањето, а минатиот викен заработи и кривична пријава од полицијата. Клубот сега е пререгистриран во кафуле, а инспекторите тврдат вчера имало 180 до 200 гости, но немало прекршоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.