Поранешната сопственичка на „Диамед“, Вера Иванова ја прошири кривичната пријава што претходно ја поднесе за директорот на ФЗОМ Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче и кон Зоран Милевски-Кичеец , дознава „Фокус“ .

Таа во својата изјава преку својот адвокат тврди дека пред продажбата на компанијата на шведскиот инвеститор „Диаверум“ имала средба по барање на Кичеец во името на Дончев и од неа побарал половина од парите од продажбата.

Според Иванова, таа одговорила дека не може да ја сопре продажбата бидејќи договорите со „Диаверум“ се потпишани.

Тогаш ми беше речено ако навистина ја зборувам вистината да има дадам половина од колачот во спротивно ќе ми го пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата, јас одговорив дека не доаѓа во предвид во ниту една варијанта, подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене, вели Иванова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.