Велосипедист е повреден во Битола вчера во 06.42 часот откако бил дел од сообраќајна незгода на ул. „Билбилкамен“.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од с.Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од Р.С.(53) од Битола.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.