Велосипедист е тешко повреден откако во него налеталот возилол. Несреќата се случила вчера во 15.20 часот на крстосницата од ул.„Пајко Маало“ и сервисна улица која води кон Национална универзитетска библиотека во Скопје.

Како што соопшти МВР, патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ѓ.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од М.Ј.(60) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во
Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.