Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа која пред половина час се случила на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдуваат дека кај нив има пријава за случена сообраќајна незгода во 11:20 часот, но засега немаат повеќе детали. Во несреќата учествувале велосипедист и мотоцклист. На терен е екипа на Итната медицинска помош и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.