Млaда велешанка била претепана и силувана, што и предизвикало сериозни трауми, а цели шест месеци чека ОЈО да покрене обвиение против насилникот.

Велешанката Моника Јовановска за „ТВ24“ раскажува и со документи го поткрепува случајот за кој вели дека била брутално тепана со тупаници, клоци, силувана, па повторно тепана од 32-годишен велешанец, со кој претходно била во врска.

Насилството се случило ноќта на 2 август на автопатот Скопје-Велес. На враќање од кафе-ресторан, каде што биле да разговараат, а Моника одбила да ја продолжи врската со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.