Велешанец кој не бил примен на работа во фабрика во околината на градот, барал информации од одговорните за вработувањето по што настанала расправија во една од канцелариите.

За одбиената апликација, велешанецот барал лично да му објаснат зошто не го добил работното место, па тој во четвртокот наутро се сретнал со одговорните, но по двесетина минути разговорот почнал да се одвива на повисок тон, па морало да биде повикано обезбедувањето.

Незадоволниот велешанец потоа без приговор ја напуштил канцеларијата на одговорниот, по што не се вратил во објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.