Шеесетгодишен велешанец вчера починал откако му се слошило во полициската станица во Велес, дознава „Република“.

З.П. (1960) вчера бил приведен во ПС Велес за неносење маска и околу 14.00 часот од доживеаниот психички стрес му се слошило. Откако интервенирала Брзата помош, тој починал на патот кон скопските болници, потврдуваат неофицијални полициски извори.

Од МВР засега нема официјални детали за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.