Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, на 14.11.2020 извршија претрес на дом кај П.Н. (30) во Битола и при тоа се пронајдени четири килограми амфетамин, четири килограми марихуана, околу 4000 парчиња таблети екстази, околу 6000 евра, дигитална вага, прибор за пакување на дрогата и други предмети.

П.Н. е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.