Пешак е тешко повреден откако утрово во 05.30 часот во него удрило патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32).

Како што соопшти МВР, несреќата се случила на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, а пешакот Т.Б.(54) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.