Утрово во близина на Велес се  случила нова сообраќајна несреќа поради која затворен е сообраќајот, на патот Велес – село Иванковци, каде што се случила незгодата, соопши АМСМ.

„Од 08:00 часот на општинскиот пат Велес – с.Иванковци, кај влез за с.Иванковци, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин.“, се вели во соопштението на АМСМ.

Инаку вчера утрото имаше тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес кај местото Кула, каде што имаше карамбол од шест возила, при што една жена го загуби животот, а подоцна се случи уште една во близина на поранешна Порцеланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.