Уште колку животи треба да згаснат за да се разбуди совеста кај вас? Која е крајната бројка? прашува сведок на сообраќајната несреќа која се случи денеска во скопско Трубарево во која загинаа 10-годишно дете и 40-годишен маж.

Веднаш после несреќата детето било пренесено во ГОБ „Св Наум Охридски“ каде што им подлегнало на повредите. Претходно на лице место во несреќата настрада 40-годишен маж. Според неофицијални информации возач на автомобил во алкохолизирана состојба удрил во мотор.

Навидум обичен убав сончев ден, неделен… Ден за релаксирање и одмор со фамилијата.. Се додека еден несовесен шофер по нашиот каубојски пат или веќе добро познат како Патот на смртта не го уништи овој ден.
Прегазени тројца ! Да ! Детенце од отприлика седум години неподвижно лежеше, додека се обидувавме да му помогнеме со вода… Го однесе амбулантно возило, со надеж дека овој живот ќе се спаси…ќе се сочува. Погоре на само 500 метра, уште две тела се жртви на истиот шофер. Едниот живот згаснал… Брзата помош само крена раце…. Другиот го однесоа..
Хорор и црнина е нашата улица…Само солзи и крици се слушаат. Дали совеста ќе проработи некогаш кај луѓето ? Дали ќе сфатат дека брзата вожња не носи ништо добро ? Дали некој ќе превземе нешто за да се превземат соодветни мерки за регулирање на брзината ? Уште колку животи треба да згаснат за да се разбуди совеста кај вас ? Која е крајната бројка ???
Лута сум ! Лута и тажна и бесна !!! Превземете нешто ! Вака не смее да продолжи ! Ова лудило мора да запре !!! Луѓе, сограѓани, разбудете се ! Протестирајте, барајте, молете но да смениме нешто !!! Ова мора да престане !!!, пишува сведок на несреќата.

Навидум обичен убав сончев ден, неделен… Ден за релаксирање и одмор со фамилијата.. Се додека еден несовесен шофер по…

Posted by Danny Janeva Jovanovska on Sunday, 11 October 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.