Вчера во перидот од 18.00 до 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Видое Смилевски Бато“. Притоа, во објектот биле затекнати околу 80 гости, соопшти МВР.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а менаџерот Д.С.(38) од с.Мала Речица, тетовско, бил лишен од слобода и проиведeн во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниoт законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Свадба со 110 гости, повторно во Тетово, беше прекината во четвртокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.