Уште еден од оние кои вчера со пиштоли се закануваа кон толпата граѓани од протестот против францускиот предлог е повикан на разговор во полициска станица.

Денеска (07.07.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил.

Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.