Вооружен грабеж утринава се случи во експозитурата НЛБ Банка во „Ѓорче Петров“. Затекнатите клиенти и вработените во експозитурата се во добра состојба.

Како што соопштија од Банката, во моментов нивни претставници се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, информираат од Банката, се соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.