Јавното обвинителство во Шитп по допрен глас ќе истражува дали кај некој има кривична одговорност за бегството на Игор Спасов кој го уби момчето Мартин Нешковски.

Обвинител ќе ги испитува околностите под кои е донесено решението за прекин на издржување на затворската казна односно даде е насока да е провери лекарската документација за Спасов како и целокупната постапката во која е донесено решението, јавува Плусинфо.

Игор Спасов имал закажано операција кај неговиот баџанак, урологот од штипската болница Влатко Филипов. Тој бил докторот кај кој имал термин за интервенцијата поради која му е продолжено отсустовот од затвор. Спасов дозволата за операцијата ја добил од судот на 31 јули, а штипски уролог со вештачење тврдел дека по операцијата, поарнешниот специјалец и осуден за убиството на Нешковски, морал да лежи два месеци во домашни услови.

Урологот Венцо Шопов тврди дека среде лето му го донеле од суд, и тој бил само дежурен лекар.

Судот му наредил на Спасов на 18 септември да им донесе медициснка документација дека ги спроведува медицинските зафати, но тој ова не го сторил.

Трагата му се губи за тоа се дозна дури на 18 октомври кога не се појави во Идризово. Ексспецијалецот имал различни болести и беше 14 месеци надвор од затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.