Полициски службеници на СВР Тетово, денеска околу 14:30 часот го лишиле од слобода 40-годишниот Ф.К. од Џепчиште, тетовско, затоа што во дворот од неговата семејна куќа, во која со судска наредба е извршен претрес, пронајдени се околу 80 грама кокаин и две дигитални ваги, соопштија од МВР.

Ф.К. е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.