Шесест и шестгодишен затвореник од Куманово, починал за време на издржување на казната во кумановскиот затвор.

На 29.08.2022 во 14.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Куманово – информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.