Високата цена на металот, посебно на бакарот и бронзата, се доволна причина група вандали да ги осквернават дел од гробиштата во Бутел кои имаат метални бисти. Изминатиов период имало неколку пријави од граѓани до МВР за кражба на спомен – обележјата на нивните најблиски.

За организираната банда која краде бисти на градските гробишта „Бутел“ имаат информации во МВР од каде велат дека веќе истрага се спроведува а има и осомничени.

Иако бистите се тешки за носење, и е потребен посебен алат за да бидат откачени од постаментот тоа не ги одвраќа крадците од злоделото. Украдени се многу, но сите кражби не се евдентирани во полицијата.

 Се истражува дали некои од вработените се замешани во „бизнисот“, со оглед на тоа дека гробиштата имаат обезбедување, а за да се изврши ваква кражба потребни се повеќе луѓе, исто така пишува порталот Досие.мк кој во неколку наврати го следи случајот.

Сомнежот е дека по кражбата бистите се продаваат во околните отпади за стар метал каде се претопуваат т.е. рециклираат. Посебно вредна е бронзата, бакарот но и алуминиумот, материјал од што и најчесто се направени споменичните бисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.