Вчера во 14.30 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од собода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека во понеделникот од бул.„Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во с.Ново Село, скопско, удрил во возило „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.