Вчера околу 13 часот во СВР Скопје, конзулот на Република Монголија во Македонија пријавил дека во периодот од 15.00 часот во саботата до 12.00 часот вчера, непознат сторител го одзел знамето на Македонија, кое било поставено пред Конзулатот на Република Монголија на булевар „Јане Сандански“ во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.