Гостиварскиот апелационен суд доцна попладнево го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец.

Телма дознава дека веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.

Ваквата одлука доаѓа откако Кичеец се жалеше на одлуката на гостиварскиот суд со која му беше одреден притворот а го бараше обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.