Поднесена е кривична пријава против сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот спротивно на одлуката за Владата за ограничување на работното време.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кривичната пријава е поднесена против Ш.А. (48) од тетовското село Речица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Полициските службеници при направената контрола во објектот синоќа околу 30 минути по полноќ затекнале во објектот седум гости кои биле служени со пијалоци.

За констатираната состојба известени се и инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.