Вчера попладне на магистралниот пат Радовиш-Штип, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С.(50) од Скопје удрило во полициски службеник С.С.(23) од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.