Дваесет и едногодишен маж од селото Долно Којнаре вчера удрил со автомобилот во девојка, по што го напуштил местото на несреќата, јави МВР.

Настанот се случил на локалниот пат Куманово – село Табановце, во близина на крстосницата кај селото Горно Којнаре, во Куманово.

Од полицијата велат дека повредена е 26-годишна девојка од селото Горно Којнаре на која ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот бил пронајден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.