Скопски мотоциклист направил сообраќајна незгода, па побегнал од местото на настанот.

Како што соопшти денес МВР, инцидентот се случил вчера наутро во 7.50 часот на крстосница од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“. Мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(24) од с.Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје. По незгодата мотоциклистот го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил О.И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.