Момче на возраст од 17 години починало од убодна рана која му ја задал познаник во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“. Немилиот настан се случил неколку минути после полноќ. Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.