Убиениот велешанец Александар Ристовски, иако вработен како полицаец во СВР Велес, не бил почитувач на законот, јавува дописникот на „Сакам да кажам“.  Ристовски, кој вчера беше избоден од партнерката со која живеел во вонбрачна заедница, во два наврати е осуден во Основен суд Велес условно, за две кривични дела.

За сообраќајка случена на 28 февруари 2010 година бил осуден за Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, откако возел со двојно повисока брзина од дозволената во град и удрил во шестмина тинејџери кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Второто кривично дело – Изнуда го сторил на 13 септември 2016 година пред нотар во Велес, кога осомничената за убиството и нејзината сестра се договарале за оставинската постапка, а починатиот ѝ пришол на сестрата, ја фатил за врат и се заканил со зборовите „ќе ти го скршам вратот ако не ѝ ја препишеш куќата на сестра ти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.