Едно лице е уапсено како осомничено за убиството на 40-годишен полицаец, кое се случи минатата ноќ околу 2:30 минути во Велес, информираат локалните медиуми.. Брзата помош го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош.

Приведена е девојка, која била во љубовна врска со полицаецот, а убиството се случило во куќа на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови.

Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.