С.Р. (49), осомничениот за убиство на холанѓанецот Јос М. (59) сопственик на расадникот „Еуроплантс” во тетовско Прељубиште, кој пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава, бил вознемирен, гласен и агресивен во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, дознава МКД.мк.

Според нив осомничениот нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата. Мерката притвор сега овој осомничен ја издржува со друг цимер и е под посебен надзор. Во ќелијата седел на едно место, не давал никој да му се доближи, со закани дека повторно ќе нападне и убие, а постојано зборувал за војната во Вуковар и за убивање.

Во Истражниот затвор во Шутка во моментов нема ниту стручно лице, односно психијатар кој ќе може да позборува и да му пружи стручна лекарска помош на овој притвореник.

Оваа информација ни ја потврдија и од Управата за Извршување на санкции од каде најавија одговор до утре.

Психијатарот кој работеше во Истражниот затвор во Шутка, а кој во исто време беше и психијатар во затворот во Идризово, пред околу еден месец заминал во пензија. Лекарскиот тим кој работи во овие два затвори е во надлежност на Здравствен дом Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.