Убави вести! Струмичанката Соња Атанасова која вчера исчезна, денес е пронајдена и е во добра состојба, известија за порталот Струмица Денес најблиските на Соња. Голема благодарност до сите упатува семејството.

На 15.11.2019 во Полициска станица Струмица, Д.А.(60) од с.Дабиле пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка С.А.(34), лице со здравствени проблеми, која и претходно во неколку наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. По преземени мерки од полициските службеници од СВР Струмица, С.А. е пронајдена во с.Водоча и е однесена во Медицински центар Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.