Пет лица од Косово се приведени откако синоќа во 21:50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран, во три патнички возила превезувале мигранти.

Како што днееска информираа од МВР, полицијата ги лишила од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници.

Околу 21.30 часот на стариот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници забележале дека во возилата кои ги управувале А.Д. и Г.А. влегуваат лица мигранти, додека возилото кое го управувал В.Р., а сопатници биле Ф.Г. и Л.Р., било претходница. Тие не застанале на знак за запирање и набргу ги истовариле мигрантите од возилата, но по преземени мерки возилата биле запрени, а мигрантите биле пронајдени, појаснуваат ов МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.