Во Полициската станица Аеродром вчера во 13:10 часот биле повикани И.И.(29) и С.А.(28), двајцата од Скопје, осомничени дека на 18.11.2021 одзеле повеќе предмети од објект во изградба на ул. „Фрањо Клуз“ во Скопје, информираат од МВР.

Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.